Се помалку снег на Калиманџаро

Илјадници години жителите на источна Африка им се восхитуваа на чудесните снежни врвови Калиманџаро и Монт Кени, но планинските глечери сега исчезнуваат поради климатските промени и опасно се закануваат на тамошните екосистеми.

Белите врвови на Калиманџаро и Кени се национални бисери на Танзанија и Кенија. Контурите на црните планини со снежна капа се наоѓаат на грбовите, на парите и бројни други симболи и на тие земји им донесуваат милиони долари од десетина илјадници туристи кои секоја година се искачуваат на нив.

Тамошните туристички индустрии стравуваат дека ќе исчезне снегот, а со него и турисите.

– Се’ би можело да биде минато”, вели Кеит Алверсон, шеф на програмата за околина при ОН во Најроби. Снежната покривка на Килиманџаро е помала за два квадратни километри, според мерењето на два американски универзитети во 2009. година. Кога ја мереле германски истражувачи пред 130 години, покривката била десет пати поголема.

Осум од изворните 18 глечери на Кенје, која со 5.199 метри е втора најголема планина во Африка и според која државата Кенија го добила своето име, веќе исчезнале. Најголемиот преостанат, глечерот Луис, се намалил за 90 проценти во волуменот од 1934. година. Прогнозите велат дека Килиманџаро и Кенје би можеле да останат без мраз со децении.

На планинските водачи, како Кенијецот Никунја Шаха, не им требаат сателитски фотографии за да знаат дека снегот се топи. „Глечерите на Кенија се смалуваат пред мои очи. Во осумдесетите и почетокот на деведесетите, дури 90 посто одење над базните кампови беше по снег.

– Сега повеќе не. Сега одите по камења Некои од чудата на Кенија веќе се исчезнати, како ледените пештери и замрзнати полиња. Топењето на снегот не е само естетска загуба и потенцијална закана за туризмот а милиони фармери зависат од водите на овие две планини, посочил тој.

Додал и дека целиот екосистем би можел да биде уништен.