понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 33

Се понудиле да го превезат од Аеродром па го ограбиле

Вчера во 11.30 часот В.К. (31) од село Огњанци ,скопско, пријавил дека претходниот ден околу 04.20 часот лицето Б.Б. и уште едно непознато лице извршиле кражба врз него.

1,5 милион патници годинава се превезени на македонските аеродроми

Последни вести

Вчера во 11.30 часот В.К. (31) од село Огњанци ,скопско, пријавил дека претходниот ден околу 04.20 часот лицето Б.Б. и уште едно непознато лице извршиле кражба врз него.

Истиот откако слетал од Италија на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје го пречекала Б.Б. и непознатото лице кои му се понудиле да го однесат до село Огњанци.

Имено, откако тргнале со автомобил „Алфа ромео“ со белгиски национални ознаки кон Огњанци, на барање на В.К. застанале да купи цигари.

Кога излегол се одалечиле во непознат правец.

На В.К. во возилото му останал куферот со лични работи, во кој имало и мала торбичка во која, по негово кажување имал 5.000 евра и лични документи. СВР Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести