Се постави камен-темелник на новата меѓуградска автобуска станица во Охрид

Во Охрид денеска со пригодна свеченост беше означен почетокот на изградбата на новата зграда на меѓуградската автобуска станица.

Аднан Исмаил, сопственик на компанијата „Делфина Турс“ што го купи земјиштето каде ќе се гради објектот, најави интензивни градежни активности во наредниот период, со цел до почетокот на наредната туристичка сезона да биде готова автобуската станица, додека во текот на наредните четири години комплексот да го добие конечниот изглед со затворен трговски центар и бензиска пумпа.

Станува збор за инвестиција од некаде седум милиони евра, со затворен простор на автобуската станица во вкупна површина од илјада квадратни метри. Трговскиот центар ќе биде на површина од 11 илјади метри квадратни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.