Се’ потензично на Корејскиот полуостров, САД и Јапонија испраќаат уште воени бродови

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел денеска во Токио изјавил дека поради заканите од Северна Кореја,  САД и Јапонија ќе испратат уште два брода со антиракетен систем Аегис.

„Како одговор на провокациите и дестабилизирачките акции на Пјонгјан и лансирањето ракети, што е кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, денеска можам да најаван дека САД планираат во Јапонија до 2017 година да распоредат уште два брода со антиракетен систем ’Аегис’“, изјавил Хејгл по разговорот со јапонскиот колега Итсунориј Онодеруј.

454690_cak-hejgel_f

Пет бродови со антиракетен систем веќе се распоредени во Јапонија, каде САД имаат свои бази со речиси 50.000 војници.

„Овие мерки ги зголемуваат нашите капацитети да ја браниме Јапонија и американската територија  од севернокорејската закана со балистички ракети“, рекол Хејгл.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.