четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 22

Се’ повеќе Јапонци живеат во целибат

За експертите, оваа незаинтересираност за сексот е пред се’ последица на економската криза. Објаснувањето лежи во „двете изгубени децении“ по крахот на финансискиот пазар на почетокот на 1990 година.

celibat-640x396

Последни вести

Толку многу се зборува за Јапонките кои остануваат девици и во поодминати години, што се заборава дека нивните несудени партнери често живеат во продолжен целибат.

Феноменот „машка девица“ е прилично распространет во земјата на изгрејсонцето.

„Никогаш не сум имал девојка. Не дека тоа не ме интересира. Јас ги сакам жените, но едноставно врските не ми успеваат“, се доверува Такаши Сакаи.

Во 41. година, Сакаи признава дека никогаш не водел љубов со жена и дека не знае како да ја изгуби невиноста.

Во Јапонија, 25 отсто од мажите кои имаат загазено во четвртата деценија и понатаму се невини.

Процентот на Јапонките од истата старосна група кои ја зачувале невиноста, пак, значително опаѓа. Ако во 1992 година имало повеќе од 40 отсто, во 2010 година бројката паѓа на 25 отсто.

japonija

Според статистички податоци на светско ниво, сепак може да се заклучи дека сексуалниот живот на Јапонците е помалку активен од сексуалниот живот на жителите на други развиени земји.

За експертите, оваа незаинтересираност за сексот е пред се’ последица на економската криза. Објаснувањето лежи во „двете изгубени децении“ по крахот на финансискиот пазар на почетокот на 1990 година.

„Многу Јапонци ја изгубиле сексуалната самодоверба со економската криза. Последните 20 години ситуацијата за нив била многу тешка, и многу компетитивна“, вели Јоко Утамото, експерт за брачно советување.

Друг стручњак, Шинго Сакацуме, укажува на современиот парадокс: Сексот е општоприсутен во Јапонија, на улица, на телевизија, но за него се избегнува да се зборува

Најчитани вести