Се повеќе републиканци веруваат дека Хилари ќе победи на изборите

хилари

Анкетата на Ројтерс и институтот Ипсос, спроведена од 20 до 24 октомври покажува дека 41 процент од републиканците очекуваат дека Клинтон ќе победи на 8 ноември, пренесува БТА.

Четириест отсто од републиканците изјавиле дека победа ќе извојува Трамп.

Овие резултати покажуваат драстичен пад на довербата од минатиот месец, кога 58 отсто од републиканците се изјаснија дека нивниот кандидат ќе победи на изборите, наспроти 23 отсто, колку што очекуваа победа на Клинтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.