Македонија,Крими хроника

Се повеќе граѓани стануваат жртви на он – лајн измами

Се повеќе граѓани стануваат жртви на он – лајн измами

Во првите шест месеци од 2014 година граѓаните поднеле 404 претставки до Дирекцијата за заштита на лични податоци, речиси исто колку што биле поднесени за време на цела 2013 – та година.

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Димитар Ѓеорѓиевски нагласи дека претставките најмногу се однесуваат за повреда на приватноста на социјалните медиуми.

–  Свеста кај граѓаните расте. Лани беа поднесени 404 претставки, а оваа година толку претставки има само во првите шест месеци, изјави Ѓеорѓиевски кој додаде дека претставките во најголем број се однесуваат на повреда на приватноста на социјалните медиуми.

Во однос на акцијата „Компас“, во која МВР разби хакерска група, тој истакна дека ова е прв оперативен зафат поради фишинг (збир на неовластени активности на интернет со цел противправно стекнување имотна корист ) и додаде дека денеска уште еднаш ќе биде објавена целосна листа на препораки за граѓаните да бидат информирани за ваквиот вид измами.

Ѓеорѓиевски  упати апел до граѓаните да ги следат инструкциите за купување он – лајн или било какво друго учество и нагласи дека секој граѓанин може да се обрати до Дирекцијата за заштита на личните податоци за совет или мислење особено за измами на социјалните мрежи.