Балкан

Се повеќе лекари ја напуштаат Хрватска

Се повеќе лекари ја напуштаат Хрватска

Од влегувањето на Хрватска во Европската унија, 923 лекари побарале документација за работа во странство, а истовремено само 135 покажале интерес за доаѓање во земјата, и тоа најмногу лекари од соседните земји кои имаат хрватско државјанство, се дознава во Хрватската лекарска комора, објави МИА.

Најчесто си заминуваат анестезиолози, радиолози, хирурзи и гинеколози, на просечна возраст од 39 години.

Шеесет отсто од нив се болнички доктори, а само 11 отсто матични лекари и лекари на итните служби, кои помалку се одлучуваат за заминување од земјата.

Но, Хрватска ја напуштаат и невработени лекари и оние без специјализација.

Претседателот на Лекарската комора, доктор Хрвоје Миниго, предупредува дека Хрватска наскоро може да се соочи со сериозниот проблем на недостиг на доктори на медицина и здравствени работници.