Се’ повеќе сиромашни во Црна Гора

Стапката на сиромаштија во Црна Гора за минатата година изнесуваше 11,3 отсто, односно околу 70.000 жители, месечно располагале со помалку од 182,43 евра.

Според податоците од Заводот за статистика, стапката на сиромаштија во Црна Гора во минатат година значително се зголемила, бидејќи во 2011 година изнесувала 9,3 отсто, а во 2010 година била речиси двојно помала, односно, 6,6 отсто.

Се наведува дека во 2012 година сиромаштијата е зголемена во урбаните, а намалена во руралните области.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.