Се повлекува дел од населението на кумановската населба каде што се’ уште трае акцијата

Во Куманово попладнево повремено се интензивираат истрелите од огнено оружје во правец од населбата „Тоде Мендол“, каде од рано изутрината е во тек полициска акција за разбивање вооружена терористичка група, пишува МИА.

Дел од жителите постепено се повлекуваат од населбата, а општинските власти најавија максимална поддршка зависно од потребите. За попладнево е најавена вонредна седница на Советот на општина Куманово.

Пристапот до  населбата „Тоде Мендол“ е блокиран освен за возила на полицијата и на Прва помош. Во останатите кумановски населби сообраќајот се одвива нормално, но е забележливо засилено полициско присуство.

Сообраќајот по автопатот од Табановце-Куманово-Скопје се одвива нормално и нема никаков застој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.