Спорт

Се повреди новиот голман на Барселона

Се повреди новиот голман на Барселона

Новиот голман на Барселона Андре Тер Штеген се повредил на тренингот одржан во понеделникот.

Се работи за повреда на грбот, а клупскиот лекар изјавил дека не е ништо сериозно, но сепак германскиот интернационалец во наредните неколку денови ќе работи според специјализирана програма.

Тер Штеген, кој за место прв голман на Барселона ќе се бори со Клаудио Браво, бранеше на пријателскиот меч против Ница кој заврши 1:1 и во победата против Рекреативо Хуелва од 1:0.