Се повреди Војдан, следи пауза од три седмици

Само што се естаблираше како еден од носителите на играта во својот нов клуб, македонскиот кошаркарски репрезентативец Војдан Стојановски ќе паузира три седмици поради повреда на мускулот.

Тој повредата ја заработи на неделниот меч на неговиот тим Морабанк Андора против Фуенлабрада, а деталните лекарски прегледи покажаа дека ќе биде потребно мирување во период од околу дваесетина дена.

“Повредата на Војдан Стојановски е лоша вест за нас. Тој е важен и во одбраната и во нападот, а екипата беше во одличен моментум. Сега сите останати кошаркари ќе мора да го надоместат неговото отсуство”, изјави тренерот Хоан Пењароја.