Секс

Се повредивте при сексот, дознајте која е најопасната поза

Се повредивте при сексот, дознајте која е најопасната поза

Зачинувањето на сексуалниот живот со испробување различни пози може да се покаже одлично за задоволување на жената, но воедно може да биде и опасно. Токму затоа треба да знаете кои секс пози претставуваат поголем ризик за повреди, а кои се побезбедна варијанта.

Според истражувањето што го пренесе британски Telegraph, се покажа дека позата во која жената се наоѓа горе е најопасна. Податоците покажаа дека половина од повредите на пенисот при секс, мажите ги здобиле токму при оваа поза.

Втора поза на ваквата листа е „доги стајл“ (29%), додека пак традиционалната мисионерска поза во која мажот се наоѓа одозгора се наоѓа на третата позиција (21%).

За да дојдат до овие податоци, истражувачите направиле 13-годишно истражување во кое прибирале податоци за вакви повреди. Просечната возраст на мажите кои се пожалиле на повреди е 34 години, а некои од мажите чекале и по шест часа пред да побараат медицинска помош.

„Според нашето истражување, сексуалниот однос при кој жената е одозгора е потенцијално најризичната поза која се поврзува со фрактури на пенисот“ – стои во заклучокот на истражувањето.

Причината поради која оваа поза е најризична е фактот што во оваа поза жената го контролира движењето со целото тело и не може да ги прекине движењата кога ќе дојде до погрешна пенетрација. Жената во овој случај не чувствува болка, за разлика од мажот.