сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 22

Се поврзуваат матичните лекари и лабораториите

Наместо вие да ги носите, резултатите од лабораториските испитувања сами ќе стасаат кај матичниот. Кратење на обемната административна процедура и значително кратење на времето потребно за извршување превентивен преглед ќе се овозможи со новото софтверско решение.

fzom-direktori

Поврзани вести

Наместо вие да ги носите, резултатите од лабораториските испитувања сами ќе стасаат кај матичниот. Кратење на обемната административна процедура и значително кратење на времето потребно за извршување превентивен преглед ќе се овозможи со новото софтверско решение, кое ќе овозможи поврзување на матичните лекари со лабораториите од примарно ниво.

Матичните лекари ќе се поврзат со сите лаборатории од примарно ниво, со кои Фондот има склучено договор, а ова дополнително олеснување за лекарите и пациентите ќе отпочне да функционира од следниот понеделник (16.11. 2015).

За ова денес на прес конференција информираа директорите на ФЗОМ, Сашо Стефановски и Орхан Рамадани.

Пациентот повеќе нема потреба да оди по резултати

Пациентот повеќе нема потреба да оди по резултати

Пациентот повеќе нема потреба да оди по резултати

Имено, резултатите од крвните анализи директно ќе бидат прикажани на софтверот на матичните лекари и пациентот нема да има потреба да оди во лабораторијата по резултати и потоа истите да ги носи кај матичниот. Во текот на една година околу 650.000 осигуреници потребно е да извршат превенција, а со овој софтвер, скратуваме потенцијални 1.300.000 посети во лабораторија и матичен лекар. Ќе има заштедата во време и пари т.е.  станува збор за заштеда на огромни средства.

Избраните лекари по електронски пат ќе ги добиваат резултатите од лабораториските наоди потребни за превенција и тоа за: ниво на гликоза во серум, ниво на серумски креатинин во крв, ниво на вкупен холестерол во крвта, вредност добиена од испитување на OGTT (орален гликоза толеранс тест), присуство на протеини во урина.

Со новото софтверско поврзување се крати времето кое е потребно за вршење на превентивните прегледи, се елиминира уште една посета кај матичниот лекар и лабораторија.

Податоците од лабораторија ќе имаат важност до 90 дена

Со овие новони во работењето, матичниот лекар ќе има увид во резултатите и доколку постои лабораториско испитување не постаро од 90 дена, согласно правилата за превенција ќе ги искористи резултатите, без притоа непотребно да се испраќа пациентот за уште една лабораторија. Со овој начин се штити и пациентот и здравствениот систем.

Податоците од лабораторија ќе имаат важност до 90 дена

Податоците од лабораторија ќе имаат важност до 90 дена

Како што појаснуваат од ФЗОМ, со новиот начин на работа превенцијата ќе изгледа вака: на пациентот кој е повикан за превенција ќе му биде измерен притисок, висина, тежина, ќе се направи ЕКГ, ќе се земат лични и фамилијарни анамнестички податоци поврзани со заболувањата (кардио, нефро и дијабетес). По ова матичниот лекар ќе му издаде упат за лабораториско испитување кое во нашиот систем ќе го означи дека е за превенција. Во лабораторијата кога ќе се издаваат резултатите системот ќе препознае дека за овој осигуреник потребно е резултатите да се запишат во системот. Потоа системот ќе го извести матичниот лекар дека резултатите за осигуреникот се готови и матичниот лекар ќе ги искористи да ја доврши превенцијата и да добие ризик-скор. Вака осигуреникот нема потреба да се враќа кај матичниот лекар. Доколку ризик-скорот го класифицира осигуреникот во низок ризик од овие заболувања, завршува епизодата за превенција. Доколку ризик-скорот го класифицира во висок ризик од можност од заболување, тогаш матичниот лекар ќе го контактира пациентот и ќе закаже преглед на специјалистичко консултативно ниво на здравствена заштита.

Инаку воведувањето на превенција за кардиолошки, нефролошки болести и дијабетес кај матичните лекари е со цел да се придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности за оваа ризична група на осигуреници да не ги развие овие заболувања и да се влијае на намалување на пациенти кои ќе завршат на дијализа, инсулинска терапија, како и да има помалку пациенти со срцеви и мозочни удари.

За стимулирање на оваа активност секој матичен лекар преку Фондот добива 20% од капитацијата секој месец.

Најчитани вести