Се предаде навивачот кој го удри Акинфеев со факел

Лука Лазаревиќ, навивачот кој на квалификацискиот натпревар за Европското првенство помеѓу Црна Гора и Русија со пиротехника го погоди рускиот голман Акинфеев, се предаде на полицијата.

Како што пишуваат црногорските медиуми,  Лазаревиќ е син на еден влијателен член на навивачката група на Будуќност, попозната како „Стара Гарда“, а на полицијата се предал во полициската станица во центарот на Подгорица.

Потсетување, натпреварот после овој беше моментално прекинат, но откако во 65.минута беше досуден пенал за Русија, голманот Плексиќ го одбрани ударот на Широков, а еден од руските играчи пријави дека бил удрен, по што Ајтекин ги испратил фудбалерите во соблекувалните и го прекинал мечот без можност тој да биде продолжен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.