Се преврте автобус кај Демир Хисар

Денеска околу 13.50 часот на магистралниот пат Битола- Кичево кај селото Жван се преврте автобус, објави битолската телевизија „Орбис“.

Во несреќата, според првичните информации најмалку пет туристи од Турција се тешко повредени. Тие се пренесени во болница.

Сообраќајот на овој магистрален пат ќe биде блокиран, се’ додека не заврши увидот на местото на несреќата.

Се’ уште нема информации за причината за несреќата и за точната бројка на повредени.