Се преврте автобус со пензионери, четворица загинаа, а над 40 лица се повредени

Најмалку четири лица загинале, а повеќе од 40 се повредени во стравичната сообраќајна несреќа , која се случи денеска на автопатот А4 во Германија, во источен Хeсен.

Автобус полн со пензионери и повозрасни лица кои патувале за Лајпциг на прослава на Новата година падна во провалија.

Автобусот најверојатно при падот во провалијата се превртел повеќе пати, и падот го завршил на тркалата, јавуваат германските медиуми.

Официјалните лица од покраинската власт им изјавиле сочувство на семејствата на настраданите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.