Се пробива патот во Виниче до резервоарот за вода

Жителите на скопското село Виниче пред неколку дена, за време на посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски побараа подобри услови за живот по невремето кое ги снајде. Меѓу барањата беше и санирање на патот кој води до резервоарот за вода.

Механизацијата веќе е на терен, патот се асфалтира, како што тогаш најави министерот Мисајловски, односно дека проблемот ќе биде решен.