Се продава 165 хектари државно земјиште

Министерството за земјоделство годинава продава 165 хектари државно земјоделско земјиште. Нивите се наоѓаат во Велес, Kуманово, Градско, Прилеп, Гевгелија, Свети Николе и во Долнени, а нивната големина се движи од неколку декари до 13 хектари.

Заинтересираните земјоделци прво треба да испратат иницијатива за купување, по што ќе следи оглас за собирање на понудите.

Нивите ќе се продаваат со електронско јавно наддавање. Цената ќе се утврдува на лицитација, а предност ќе имаат тие што веќе ја користат земјата.

Максимум земјиште што може да купи на едно физичко или правно лице е 20 проценти од вкупната површина што се продава годинава.

Јавниот увид за локацијата на парцелите трае 90 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.