Се продава градежно земјиште наменето за бензински пумпи во општина Штип

Општина Штип денес огласи за продажба градежно земјиште наменето за бензински пумпи. Станува збор за две локации од кои првата е во Драгоево а втората во Криви Дол.

Бензинската пумпна станица и услужен центар на магистрален пат М6, Лакавица и Остреш, катастарска општина Драгоево е со површина на парцелата е 43.940 м/2, и површина на градење и површина на градење 18.000 м/2. Вкупна почетна цена е 8788 денари или 200 денари за м/2.

Бензинската пумпна станица и услужен центар на магистрален пат М5, м.в Бубакиште, катастарска општина Криви Дол е со вкупна површина на парцелата од 49.335 м/2 и корисна површина за градење од 17.000 м/2.

Почетната цена по м/2 е 200 денари односно вкупната почетна цена е 9.867 денари.Пријавите за двете парцели треба да се достават до 10 март 2015 година, а јавното наддавање ќе се оддржи на 12 март со почеток во 10 часот за првата парцела и во 11 часот за втората. Секое наддавање ќе трае 15 минути.Огласот е објавен денес во дневниот печат, а може да се симне и од веб страницата на Општина Штип.