Се продава имотот на Робин Вилијамс во Напа

Имотот во Напа кој беше во сопственост на актерот Робин Вилијамс е понуден за продажба со намалена цена од само 25, 9 милиони долари.

napa_robin_1

Имотот со површина од околу 260 хектари во кој има маслинови дрвја и лозје во 2012 година беше проценет на 35 милиони долари, а неговата цена на почетокот на годинава беше 29, 9 милиони долари.

napa_robin_2

Трикатната куќа која се наоѓа на имотот има пет спални соби, десет тоалети, кино сала и климатизиран оддел за вино и уметнички дела.

napa_robin_3

Надворешниот дел од имотот што Вилијамс го нарече Villa Sorriso (Вила на насмевките) вклучува повеќе базени, ергела за коњи, терен за тенис…