Магазин

Се продава мерцедесот на Тито (ФОТО)

Се продава мерцедесот на Тито  (ФОТО)

Мерцедесот, кој му припаѓал на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, а во кој се возеле лидери на многу држави и нивните сопруги, се продава за три милиони евра.

Познато е дека Тито бил голем љубител на автомобили и имал цела колекција. Најдобриот примерок во таа колекција бил мерцедесот 600 полукабриолет со шест врати, од кој се произведени само девет такви возила.

Мерцедесот, кој е произведен во 1971 година, го користел Тито се до неговата смрт во 1980 година. Некое време подоцна се користел за превоз на важни странски гости од аеродромот во хрватскиот град Пула до резиденцијата Бриони, а во 1989 година управата на резиденцијата го продала мерцедесот на странски купувач. Оттогаш автомобилот сменил неколкумина сопственици колекционери.

titokola

Неодамна мерцедесот повторно е понуден за продажба од аукциската куќа „Том Хартли Јуниор“, а според неофицијални информации почетната цена ќе биде малку под три милиони евра.

tito-640x478