Се продава земјиште за деловни простории кај СРЦ Кале

Министерството за транспорт и врски денеска распиша оглас за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија предвидено со Детален урбанистички план за дел од Спортско-рекреативен центар „Кале“, Блок 2, плански период (2012-2017).

Станува збор за градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија предвидено со Детален урбанистички план за дел од Спортско-рекреативен центар „Кале“, Блок 2, плански период (2012-2017), наменето за градење деловни простории со површина од 2447 м2.

Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 02.03.2015 година.

Право на учество во јавното наддавање имаат физички лица (државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија) и правни лица (домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија).

Јавното наддавање е електронско и ќе се оддржи на 09.03.2015 година во 10 часот на интернет-страицата www.gradezno-zemjiste.mk

Целосниот текст на јавнaтa објавa може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски – www.mtc.gov.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.