Се продаваат деловните простории на „Славија“

Славија го продава деловнииот простор. Во неколку пакети на правните и физичките лица ќе им се понудат триесетина простории, пренесува Економски.мк.

Првиот оглас е веќе распишан и трае до 5 април. Се нудат десетина продавници, супермаркет и магацински простор од различни кавадратури на повеќе локации, како Аеродром, Гази Баба, Чаир, Јурумлери и Маврово.

Вкупната вредноста на објектите кои се нудат на електронско јавно наддавање е околу 1,4 милиони евра.

Во следните пакети покрај продажниот и магацинскиот простор ќе се понуди и управната зграда. Деловните простории на Славија во моментов главно се издаваат под закуп.

Некогашниот трговски ланец по судски процес за незаконска приватизација и изречени затворски казни за доминантиот сопственик и менаџментот, прејде во сопственост на Агенцијата за конфискување имот.

Инаку, државата од минатиот месец отпочна процес на продажба на 1000 деловни простории во нејзина сопственост. За првиот пакет, од 100 простории лоцирани во 19 градови, огласот истекува во петок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.