Се продаваат осум градежни парцели во Маврово-Ростуше

Општина Маврово и Ростуше распиша  јавна објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Mакедонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на хотели и пансиони и викенд куќи предвидено со детален урбанистички план за село Маврови Анови и за село Маврово.

Предмет на електронското јавно наддавање се вкупно 8 градежни парцели од кои една градежна парцела во село Маврови Анови со површина од 2266 метри квадратни за изградба на хотел и 7 градежни парцели во с.Маврово со површини од 591 метар квадратен до 602 метри квадратни за изградба на викенд куќи.

Почетна цена на електронското јавно наддавање за наведените градежни парцели во табеларниот преглед изнесува 61.оо денари за метар квадратен.

Сите заинетересирани физички и правни лица пријавите за учество на јавното наддавање можат да ги достават најдоцна до 21 април 2015 година, по електронски пат на интернет адресата: www.gradezno-zemjiste.mk, а јавното наддавање ќе започне на27 април 2015 година.

Подетални информации се достапни на веб страницата на општина Маврово и Ростуше, www.mavrovoirostuse.gov.mk и www.gradezno-zemjiste.mk.