Се продаваат за чашка ракија и кутија цигари

Поради тешката материјална ситуација се’ повеќе девојки и жени во Хрватска почнале да се занимаваат со „најстариот занает“. Своите услуги ги нудат преку огласи на интернет. Цената на услугите се движи од 20 до 100 евра за еден час, а некои девојки се подготвени на секс и за надоплнување на кредит за мобилен телефон.

Со проституција за занимаваат жени од сите возрасти, а причините се различни – невработеност, тешката социјална состојба. Оние најмладите се продаваат и за ситниш, вели за данас.нет.хр жител на хрватскиот град Осијек.

images

„Дегутантно е и самата помисла, но млади девојки може да се добијат и за чашка ракија, кутија цигари или дополнување за мобилен“, вели тој.

Сепак оние кои своите услуги ги наплатуваат, за тоа земаат од 200 до 800 куни (25 до 100 евра) за час време, во зависност од желбата на клиентот.

Голем дел од нив имаат дома деца кои треба да ги прехранат, а немаат никаква друга работа или легалната работа, ако ја имаат, не е доволна.

Луѓето кои сакаат вакви услуги знаат како и каде може да ги најдат. Во последно време се’ повеќе огласи има на интернет.

„Секс-масажа во Валпов- масерка нуди услуга еротска масажа со среќна завршница, гради шестка, поголемо меснато газе, праќам своја адреса,“ се вели во еден од огласите.

Prostitution (1)

„Нудам еротска масажа во убав и удобен амбиент за девојки до 26 години, „happy end“ вклучен, цена за час време 300 куни (околу 40 евра)“, се наведува во друг оглас.

„Дечко во 30-тите години пружа сензуална, релаксирачка масажа со среќна завршница на корпулентни мажи над 55 години“, се наведва во друг оглас.