Се проширува патот Црешево-Виниче

Општина Гази Баба започна со реконструкција и проширување на патот Црешево- Виниче, во должина од 1.730 метри и широчина од 4,5 до 5 метри. На неколку места на патот ќе се направат пропусти за атмосферската вода, а за поголема прегледност, ќе се постават сферни огледала.

Предвидениот рок за изведување на работите е 90 дена.

Градоначалникот Тони Трајковски, присуствуваше на отпочнување на работите, за кои општината издвои финансиски средства во висина од 4.870.000,00 денари, а изведувач на работите е фирмата Пелагонија АД Гостивар.