Се проширува преговарачкиот тим за името

Двајца професори ќе го придружуваат амбасадорот и преговарач за името, Васко  Наумовски на утрешните разговори со медијаторот Метју Нимиц и грчките претставници во Брисел.

Според информации на мкд.мк, тимот на Наумовски се проширува со професорот по меѓународно право од Правниот факултет во Скопје, Тони Десковски и професорот од Универзитето на Југоисточна Европ, Ветон Љатифи.

Дека преговарачкиот тим ќе се прошири најавија и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, но досега нема официјална информација кој се ќе присуствува на бриселските преговори.

Освен професорите, член на преговарачкиот тим најверојатно ќе биде и уште еден висок дипломат од МНР. И неговото име засега никој официјално не го соопштува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.