Македонија

Се работи на обезбедување струја за Драчево, Батинци и други села

Се работи на обезбедување струја за Драчево, Батинци и други села

ЕВН веќе работи на обезбедување на резервно напојување на Трафостаницата Драчево 2 110/10 КВ, која би требало да ја преземе улогата на ТС Драчево 1 110/10 КВ, која е исклучена, поради што без струја се 9.281 корисник од населените места населба Драчево, и селата Батинци, Љубош, Количани, Китка, Црвена Вода, Алдинци, Караџица, Солунска Глава, Палиград, Цветово и Варвара.

Причината е можно уривање на столб од 110 КВ далекувод од ТС Скопје пред крстосницата за населба Драчево и село Батинци. Столбот е изместен во свлечиште поради неправилен ископ.