Се радикализираат протестите во „Колска“, по неисполнетото ветување од Заев

Вработените во фабриката за шински возила „Колска“ од средата излегоа да штрајкуваат и го блокираа железничкиот сообраќај во Велес, откако беа излажани од новиот премиер Зоран Заев дека ќе им бидат исплатени заостанатите плати и ќе се најде решение за фабриката.

Вработените во фабриката за шински возила ,,Колска“ од Велес, ги радикализираа протестите. Утринава на железничката станица во Велес блокираа четири патнички возови, три домашни и еден меѓународен од 7 до 9 часот стоеја на станицата во Велес.

Вработените тврдат дека блокадата на сообраќајот е единствениот начин да извршат притисок врз МЖ Транспорт и Министерството за транспорт и врски за исплата на заостанатите плати.

„Трпението на вработените е при крај , остваривме средба со премиерот Зоран Заев, добивме ветување дека ќе ни се исплатат заостанатите плати , се сретнавме и со министерот Сугаревски и директорот на МЖ Транспорт, но решение нема. Денеска е 10 ден пари нема , тоа ни го кажа и директорот на МЖ транспорт. Ние си ги бараме парите кои ни се одработени , 6,5 милиони денари имаме одработено тоа е доволна за 1,5 плата“, изјави синдикалецот Слободан Димитриев.

За 125-те вработени во Колска подеднакво важно е да им се исплатат заостанатите пет плати, но и да се забрза процесот а припојување на фабриката со ЈП Македонски железници транспорт. Од синдикатот велат дека доколку во текот на денешниот ден не им бидат исплатени бараните плати, тогаш блокадата на железничкиот сообраќај ке продолжи и утре но овој пат 60 минути подолго или од 7 до 10 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.