Македонија

Се расчистува одронот на патот кон Средно Водно

Се расчистува одронот на патот кон Средно Водно

По обилните врнежи на дожд кои вчера ја зафатија земјава, предизвикан е одрон на патот за Средно Водно, во близина на паркингот.

На оваа локација испратени се  екипите на јавното претпријатие “Улици и патишта” за расчистување на одронот.

Екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје се на терен и ја проверуваат можноста за појава на нови одрони на патот кон Средно Водно, како и на патот од Средно Водно до црквата Свети Пантелејмон.

Градот Скопје апелира сите лица кои се движат по овие патишта (возила, пешаци, велосипедисти) да бидат внимателни и да се придржуваат на условите на патот.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ја прати состојбата на терен и доколку има потреба дополнително ќе интервенира.