Македонија

Се расчистува патот од Средно Водно до Пантелејмон

Се расчистува патот од Средно Водно до Пантелејмон

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ го расчистуваат одронот на патот Средно Водно – Пантелејмон, кој во текот на изминатата ноќ ги покри двете сообраќајни ленти на оваа делница и го оневозможи одвивањето на сообраќајот, соопшти Град Скопје.

„Работниците од ЈП „Улици и патишта“ со соодветна механизација уште веднаш излегоа на терен и ги расчистуваа наносите земја и камења од патот. Во моментов, за сообраќај е проодна едната сообраќајна лента. За неколку часа се очекува целосно да биде расчистена и другата сообраќајна лента, со што сообраќајот на патот Средно Водно – Пантелејмон ќе се одвива без ограничување“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни при движењето на оваа делница, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот, а доколку се во можност, при своето движење да ја користат околната патна мрежа.