Македонија

Се расчистуваат завеаните патишта во Старо Нагоричани

Се расчистуваат завеаните патишта во Старо Нагоричани

Општина Старо Нагоричане со две машини ги расчистува патиштата завеани од снег, кои водат од село Арбанашко кон повискоите планински села, Малотино, Цветишница, Мгленце, Жегљане и Длабочица.

Висината на снежната покривка на овој потет се движи од 40 до 60 сантиметри.

Од општината информираат дека побарале и дополнителна механизација од Дирекцијата за заштита и спасување.

Регионалниот центар за управување со кризи, пак, соопшти дека екипите на ЕВН Македонија и денеска се на терен и ги санираат дефектите во нисконапонската мрежа