Се расветлува убиството: Момчето било убиено пред очите на татко му !

Се расветлува убиството во Ѓорче Петров. Ангел П. е роден 1995 година, а попладнево околу 17:15 часот е убиен во близина на Европската очна клиника во Ѓорче Петров.

Како што велат извори од полицијата убиецот Насер Е. е веќе приведен.

Инцидентот се случил откако Насер Е. влегол во куќата на убиениот Ангел и одзел велосипед. Тоа го забележале Ангел и татко му Сашо, поради што Насер Е. почнал да бега. Потоа Ангел и татко му со возило почнале да го бркаат, а кога се доближиле кај насипот на Вардар продолжиле да го бркаат пешки. Ангел прв го стигнал при што дошло до физички контакт меѓу нив во кој бил смртно повреден.

Убиениот бил матурант во Средното медицинско училиште.