Се разбуди вулканот во Косел

Охридската противпожарна единица е на терен бидејќи големо количество на чад било забележано како излегува од вулканот во Косел, Охридско, пренесува Инпрес.

„Наша екипа излезе на терен но превентивно, зашто немаше потреба од интервенција. Вулканот реагира на промена на време. И порано сме интервенирале таму, но овој пат се ширеше чад на поголема површина околу вулканскиот отвор, а не само над отворот“, велат од дежурната служба на Противпожарната единица.

За оваа појава, како што информираат дежурните пожарникари, се запознаени сите надлежни служби, почнувајќи од Центарот за управување со кризи.