Се разделија Кејт Хадсон и фронтменот на „Мјуз“ Мет Белами

Холивудската актерка Кејт Хадсон и фронтменот на групата „Мјуз“ Мет Белами, кои се свршија во август 2011 година, ја раскинаа венчавката. Славната двојка го има тригодишниот син Бинграм Хон и, наводно, веќе извесно време се разделени.

kejt2

Гласините за нивното разделување се појавија во почетокот на годината кога на доделувањето на Оскарите е забележано дека Кејт не го носи свршеничкиот прстен.

Ѕвездата на филмовите „Чекор до славата“ и „Како да изгубите момче за 10 дена“ има 11-годишен син Рајдер со поранешниот сопруг, исто така, музичар, Крис Робинсон.

Некои американски медиуми пишуваат дека Кејт веќе е во љубовна врска со танчерот Дерек Хуг.

kej1