Се разгорува пожарот во јужна Португалија

Пожарот, што веќе седум дена беснее во реонот Алгарве во јужна Португалија, продолжува да се разгорува и да се шири и веќе достигна периметар од 100 километри, досега уништувајќи 21.000 хектари површина.

Во гаснењето на огнот учествуваат околу 1.300 пожарникари и војници, потпомогнати од хеликоптери и авиони, меѓутоа според претставници на противпожарната служба, мали се шансите пожарот да биде изгаснат во блиска иднина.

Пожарот минатата ноќ се проширил на борова и еукалиптусова шума, доближувајќи се до едно село во близина на градот Силвеш, чии жители биле евакуирани.

Чадот од огнената стихија вчера стигна и до плажите во Алгарве, но ветерот што денеска дуваше од северен правец го расчисти воздухот,

Во пожарот, што избувна минатиот петок, досега се повредени 36 лица, меѓу кои и 16 пожарникари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.