Се разобличува лагата на опозицијата за медиумските слободи?!

Излегуваат на површина манипулациите на опозицијата за немањето на медиумски слободи. Медиумските перјаници на опозицијата сами си признаваат дека има голем број опозициски медиуми, а сепак постојано тврдат дека во земјава нема медиумска слобода.

Уредникот на порталот Мактел, Саше Ивановски, претставувајќи го изгледот на новиот дневен весник во Македонија, неговиот „Политико“ признава дека покрај „Слободен печат“ и весниците  „Утрински“ и „Вест“ се проопозициски, пишува порталот „Курир“.

– Во моментов се екипира тимот и се прават првите подготовки. Ова ќе биде втор опозициски весник по Слободен Печат. Иако и Утрински и Вест имаат опозициски тон, сепак тие се дел од групацијата МПМ која е во сопственост на Камчев и Ќерим, па таму нападот кон владата е сепак мек и во обланди…, пишува Ивановски.

После ваквото признание директно од страна на еден од најекспонираните новинари блиски до СДСМ, се разобличуваат манипулациите на опозицијата и нејзините медиумски послушници кои од една страна велат дека во Македонија нема медиумски слободи, а од друга страна самите признаваат дека 90 отсто од весниците се опозициски, 60 отсто од порталите се под опозициска контрола, а во медимскиот простор не изостануваат ниту телевизии кои отворено ја поддржуваат политиката опозицијата. Останува нејасно како медиумската слобода во Македонија е загрозена и не се почитува, кога самите признаваат дека опозицијата контролира толкав број на медиуми?

Со ваквите признанија, според познавачите излегува на виделина  вистинското лице на самопрогласените борци за медиумска слобода и демократија. Пред само една недела, токму Саше Ивановски-Политико откри дека првиот човек на Соросовата фондација во земјава, Владимир Милчин директно му диктирал што смее, а што не да биде објавено на порталот финансиран од СОРОС. Ивановски откри дека кога тој го земал грантот од Сорос, не смеел сам да одредува кои ќе му бидат колумнисти, туку истите морал лично да ги одобри Владимир Милчин.

-Тој не ми ги одобри колумнистите Виктор Трифуновски, Тони Науновски и Хелена Роза. Виктор многу зборувал и пишувал против Сорос, Тони бил националист, а Хелена пишувала на теми кои не биле важни за Сорос, пишуваше Ивановски, додавајќи дека  во една прилика додека бил грантист на Сорос, Владе Мичин на сред коктел во Менада пред многу народ гласно надвор на терасата му се дерел пред сите за некоја колумна која нему не му се допаднала.

Експертите коементираат дека токму овие луѓе кои зборуваат за демократија и за потребата во РМ да се создаде поголем простор за слободно изразување на различните ставови и мислења на граѓаните, всушност самите го практикуваат токму спротивното.

-На перо се многу силни и слободоумни, посебно кога треба да го бранат својот интерес, а во пракса се диктатори од најлош вид, посегнуваат по разни облици и методи на сатанизација на личноста која не мисли како нив. Од борбата за човекови права прават борба за себепромоција и борба за своите најалчни интереси. Не веруваат во искрената мисла на другиот, не веруваат во другиот воопшто, зошто не веруваат во себе и во сопствената способност да го толерираат другиот, ако веќе не знаат да се натпреваруваат со неистомисленикот. Не знаат вистински да го слушнат и промислат мислењето на другиот зошто се научени да се слушаат само себе си, смета Проф. Д-р Тања Каракамишева- Јовановска.

Според неа, тој концепт на самобендисано “удирање во демократските гради”, со  лицемерна злоупотреба на терминот борба за подобро утре на сите не може, а да не потсети на едно минато време полно со демагогија и лажни вредности.