ФОТО: Се разубавува црквата со чудото во Трубарево

Во храмот Св. Великомаченик Георгиј Победоносец во село Трубарево, скопско, деновиве е вистинска врвулица од луѓе, верници од сите краишта на Македонија кои сакаат да ја видат и да се поклонат пред иконата на Богородица која повеќе од една седмица како мироточи.

Вчера, откако заврши неделната богослужба во храмот беше монтиран централен кристален полиелеј, дело на македонскиот бренд СДК (Светлина, Дизајн, Квалитет) од Прилеп, висок скоро 2 метри, кој уште повеќе го разубави храмот во Трубарево. Освен него, беше поставен и еден мал кристален лустер во олтарот.

Sv-Georgij-Trubarevo4

Парохискиот свештеник отец Бобан Богдановски, кој деновиве постојано е во храмот каде ги пречекува илјадниците верници кои доаѓаат да го видат чудото, како и целиот црковен одбор беше презадоволен од новото осветлување во храмот.

Sv-Georgij-Trubarevo8

Откако беше наместен полиелејот дојдоа голем број верници, од месното население, како и од околните места и сите благодарни на Бога и презадоволни што храмот се разубавува со ваков прекрасен полиелеј од македонска изработка, вели отец Бобан, објаснувајќи дека новото осветлување е целосно финансирано од донациите на верниците и најавувајќи дека доколку дозволат условите во план е нова крстилница за верниците.

Sv-Georgij-Trubarevo3

Инаку, за чудото со иконата на Пресвета Богородица, отец Бобан Богдановски вели: Дефинитивно се работи за чудо. И мојот и официјалниот став на МПЦ е дека оваа појава е чудо и знак од Бога. Архиепископот г.г Стефан дојде во црквата, ја погледна иконата и констатираше дека навистина се работи за чудо.

Sv-Georgij-Trubarevo1