Се разведуваат Гвинет Палтроу и Крис Мартин

По 10 години брак, се разведуваат актерката Гвинет Палтроу и музичарот Крис Мартин. Веста за разводот се обзнани на сајтот на Гвинет, „Гуп“ (Goop).

„Нашите срца се полни со тага поради одлуката за разделба. Работевме напорно повеќе од една година, некогаш заедно, некогаш одделно, за да видиме што е најдобро за нас и дојдовме до заклучокот дека иако се сакаме ќе останеме разделени. Ние сме и секогаш ќе бидеме семејство и на многу начин сме блиски како никогаш досега. Прво, сме родители на две прекрасни деца, па поради нив и нас, ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овие тешки времиња. Нашата врска отсекогаш била приватна и затоа се надеваме дека ќе можеме да се разделиме на истиот начин“, се вели во соопштението за јавност.

Гвинет и Крис имаат две деца.

gvineeeet