Се реактивира проектот АРМ мој дом

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски информира дека започнува рестартацијата на проектот АРМ мој дом.

Проектот кој веќе четири години е во стагнација повторно ќе биде активен и овојпат МО ќе го реализира до крај.

Според првичниот план, станбените објекти ќе се градат на местото на некогашната касарна Илинден, но поради одреден спор со општината Карпош не беше возможно проектот да се реализира.

-Во моментов имаме 550 војници кои се заинтересирани за купување на стан преку овој проект. Сакаме проектот да се активира со што ќе им се реши станбеното прашање на војниците секогаш кога ќе има потреба, односно кога ќе се соберат скоро 40 припадници за да се изгради станбен објект, рече Јолевски.

Генерал мајор Горанчо Котевски, пак додаде дека за секој човек да може нормално да функционира потребен му е кров над глава и стабилни финансиски примања.

Условите за аплицирање за воени станови остануваат исти. Цената за еден квадратен метар во Скопје ќе изнесува најмногу 500 евра за квадрат, а додека лицето е вработено во АРМ нема да плаќа камата.