Се реконструира детскиот оддел во градската библиотека во Прилеп

Деновиве започна комплетна реконструкцијана детскиот оддел во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп. Со оваа најнова инвестиција комплетно ќе се промени осветлувањето во овој простор, ќе се замени подот, ќе се уредат ѕидовите и ќе се создадат услови за подобар престој на децата.

„Ова е само еден од големиот бројна проекти кои се реализираа во библиотеката со средства од локалната самоуправа. Претходно ја уредивме читалната со ботаничка градина, за подобар престој на читателите. Исто така за читалната се набавија и нови компјутери. Се изгради и еден современ мултимедијален центар кој се користи за повеќе намени, одржување на повеќе културни манифестации и разни промоции. Се набавија и нови книги, како од странски така и од домашни автори, со што значително се зголеми библиотечниот фонд. Со сите овие инвестиции градската библиотека во Прилеп станува една од најмодерните и најдостапни библиотеки во Македонија“, Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Досега локалната самоуправа за модернизирање и подобрување на условите во библиотеката има вложено над 150.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.