Економија

Се реконструира дистрибутивната мрежа во струмичкиот регион

Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Струмица ја рекунструира дистрибутивната мрежа во струмичкиот и радовишкиот регион. На повеќе улици во Струмица и Радовиш, се гради нова нисконапонска мрежа и целосно се менува постоечката. Се заменуваат старите дрвени стлбови со нови бетонски и се поставуваат кабли со поголем пречник.

Рeконструирана е дистрибутивната мрежа во селата, Радово, Добрашинци, Седларци, Свидовица, Мокриево, Моноспитово, Василево, Јаргулица, Ново Коњарево, Ангелци и Дрвош, а до крајот на годината ќе се финализираат работите и во селата Владевци, Борисово, Чанаклија и Иловица. Поставени се нови приклучни точки изградени се нови четири трафостаници, реконструирани се три, а уште три трафостаници ќе се изградат до крајот на годината. Поставена или реконтруирана е нова нисконапонска мрежа во должина од 5,5 километри. Со ова се подобруваат напонските прилики и се електрифицираат местата каде досега немаше дистрибутивна мрежа.

За намалување на времетраењето на дефекти, подобрување на напонот и зголемена безбедност на среднонапонската мрежа во с. Бориово заменети се сите столбови и проводници на трасата во должина од 1000 метри. На целата територијата на Општина Радовиш поставени се 15 нови разделувачи на моќност во среднонапонската мрежа, со што се зголемуваат можностите за управување со мрежата и скратување на времетраењето на дефектите.

Во с. Дабиље изградена е нова среднонапонска кабелска врска помеѓу трафостаницата „Лук-оил“ и трафостаницата „Идеа Дабиле“ за подобрување на напојувањето на средно напонско ниво и заштита на индустриска зона и селото Дабиле од дефекти во среднонапонската мрежата.

Инвестицијата на ЕВН Македонија за овие проекти во струмичкиот регион изнесува над 550 илјади евра и со неа ќе се подобрат условите за снабдување со електрична енергија за над 3.500 корисници.