Се реконструира патот Нов Дојран-Николиќ

Општина Дојран со помош на јавното претпријатие за државни патишта целосно ќе го рехабилитира кракот од регионалниот пат помеѓу Нов Дојран и селото Николиќ, информираа денеска од општинската служба за односи со јавноста.

Патот со должина од 6 километри, кој моментно е во многу лоша состојба поради сообраќајната оптовареност од страна на камионите кои собрааќајат кон фабриката за железо во Николиќ, целосно ќе се реконструира и ќе овозможи поефикасно сообраќајно поврзување и на локалните жители со Дојран, како и кон Гевгелија, Валандово и Струмица.

Во рамки на рехабилитацијата на овој патен правец, која ќе се реализира со заем од Светската банка, најавено е целосно обновување и на патната сигнализација.

Во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот, во моментот во тек е поставувањето нова сообраќајна сигнализација и опрема на регионалниот пат Дојран-Струмица, инвестиција вредна 16 милиони денари.