Се реконструира улицата Алија Авдовиќ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски заедно со Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, денеска /15.10.2016 година, сабота/ присуствуваа на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Алија Авдовиќ во Сингелиќ во должина од 550 метри.

Улицата „Алија Авдовиќ“ на овој потег ќе добие нов коловоз и тротоари. Новиот коловоз ќе биде во должина од 550 и со променлива ширина (од 6,2 метри до 5,6 метри). На оваа делница ќе бидат поставени тротоари со бекатон од двете страни на улицата. Новите тротоари ќе бидат со променлива ширина, од едната страна 2 метри, а од другата страна 1,5 метар. Исто така, ќе бидат поставени и нови рабници и ивичњаци.

rekonstrukcija-na-ulicata-alija-avdovic-4

Градот Скопје за овој проект од буџетот издвојува околу 8.200.000 денари.