Се решаваат проблемите на Кратовчани: На терен екипа за санација на свлечиштето на Радин Мост

На последната посета на Кратово и средбата со граѓани која ја имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, беше посочено како проблем појавеното свлечиште на Радин Мост кој преставува заштитен споменик на културата, како и реставрација на тунелите со кој се поврзуваат самите мостови кои се главна туристичка атракција.

Покрај Радин Мост кој е познат во нашиот град се јави едно свлечиште, до пред извесно време беше приоритетно да се санира мостот и да се врати неговиот автентичен изглед, меѓутоа сега веќе и свлечиштето се заканува да наштети на самиот мост. Дали Владата и Министерството за култура планираат средства за санација на тој проблем, како и подземните ходници со кои се поврзани кулите во нашиот град, праша жител на Кратово.

Груевски потенцираше дека за подземните ходници ќе се работи секоја година парцијално со што по нивното комплетирање ќе бидат вистинска туристичка атракција.

За подземните ходници се планира. Предвидено е и полека ќе се работи, значи секоја година по еден дел ќе оди и за неколку години би требало една значајна целина да да се заврши и да биде една дополнителна туристичка атракција, истакна Груевски на средбата со граѓаните.

Што се однесува до свлечиштето, Груевски посочи дека ќе побара да бидат испратени екипи од управата за заштита на културното наследство.

Веднаш на терен излегоа инспекциските служби од Управата за заштита на културното наследство кои што направија увид во настанатото свлечиште. Нивната стручна констатација е дека свлечиштето настанало под влијание на временските услови, но дека сепак мостот е безбеден за пешаци и возила.

Раководителот на инспекциската служба од Управата за заштита на културното наследство Билјана Бачкова Куфујанакис изјави:

Поради создавање на клизиште од температурна разлика, на карпата и тлото по природен пат настанало обрушување, оштетување нема во овој момент на мостот, тој е безбеден за поминување како за сообраќајот, така и за пешаците.

Следно што преостанува увид да изврши и националниот конзерваторски центар по што ќе се пристапи и кон санација на самото свлечиште што и беше барање на самите граѓани.

Согласно утврдената состојба која треба да ја потврдат и надлежните институции за заштита, во конкретниов случај Националниот конзерваторски центар, значи колкав е обемот, во колкава мера и колкав зафат ќе се превземе, ќе се донесат понатамошни мерки за заштита. Важно е исто така што за очекување е и повеќе од сигурна сум дека Владата, Министерството за култура, заедно со Управата за заштита на културно наследство и локалната самоуправа ќе успее да смогне сили да најдат и да формираат финансиска конструкција за што поскоро да се надмине ова што сега се случило под влијание на временските услови, додаде Куфујанакис.

Мо­стот бил по­диг­нат и пу­штен во упо­тре­ба на 16 сеп­тем­ври 1833 го­ди­на, а упра­ву­ва­ње­то со град­ба­та му би­ло до­ве­ре­но на то­гаш­ни­от скоп­ски го­ле­мец Хав­зи-па­ша.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.