Се роди најмалото бебе во Македонија, тежи само 600 грама

 

Само 600 грама тежи најмалото бебе родено во Македонија. Мајка му се породила по 24 недели бременост, пренесоа медиумите.

Поради предвременото породување, бебенцето е на интензивна нега на Клиниката за детски болести.

Но, ова бебе е вистински борец. Тоа добро напредува и докторите велат дека ќе биде нормално, здраво бебенце.