Се родил тежок само 480 грама, сега го прослави првиот роденден

Малиот Лука е роден во 23 надела од бременоста и тежел само 480 грама. Деновиве тој го прослави својот прв роденден. Кога се родил неговата состојба била толку лоша што лекарите ги советувале неговите родители да  му ги исклучат машините за подршка на животот.

Родителите имале силна надеж и не го направиле тоа, неговата мајка Силвија била предупрдувана за последиците.

Лука бил толку мал и во лоша состојба што лекарите сакале да се откажат од одржувањето на неговиот живот. Кога се родил поминале 6 минути пред да почне да плаче, лекарите им кажале на родителите дека ќе има тешки оштетувања, дека има крварење во мозокот и треба да ги исклучат машините, кои го одржувале во живот.

Парот, кој загубил неродена четворка само еден месец пред Силвија повторно да забремени го одбил тоа, за да му овозможат на синот да се продолжи да се бори.

luka-1-538x630

Лука се покажал како жилав борец и после 4 месеци бил доволно силен за да замине дома. Неговите родители биле предупредени дека можеби ќе има потреба од боци со кислород, во наредните 2 години. Но, на нивна голема радост се покажало дека лекарите погрешиле, а Лука во прослави првиот роденден на 28 Август.

Освен тоа што заостанува за неколку месеци во развојот заради прераното раѓање, Лука нема никакви долгорочни здравствени проблеми. Родителите го нарекуваат чудо.

-Тој навистина е нашето чудесно мало момче, ние сите го викаме така. Лука навистина е мал борец и ние сме толку горди на него, вели неговата мајка.