Се самоповредил со пиштол со кој пукал на свадба

На 10.10.2014 година во 10,45 часот во Кичево на ул.„Охридска“, на семејна веселба-свадба, Е.Б.(1944) од с.Папрадиште-Кичево, од својот пиштол кој го поседувал со дозвола „Steyr“ модел ГБ, кал.9мм Лугер, испукал неколку куршуми, а при проверка дали во истиот се уште има куршуми, се самоповредил во пределот на левата рака (средниот прст).

На истиот му е укажана лекарска помош во МЦ-Кичево. Од страна на УПС, од Е.Б. е одземено оружјето и против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-Кичево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.