Се самоуби оскаровецот Малик Бенџелуп

Триесет и седумгодишниот шведски режисер Малик Бенџелул, добитник на Оскар за филмот “Searching For Sugar Man”, извршил самоубиство.

“Можам да потврдам дека станува збор за самоубиство и дека некое време беше депресивен”, изјавил братот на режисерот.

Бенелуп кариерата ја започнал како дете на шведската телевизија, потоа студирал новинарство, а идејата за филмот за Родригез ја добил за време на едно патување.

Тој беше режисер, сценарист, монтажер и продуцент на остварувањето за двајцата мажи од Јужна Африка кои тргнуваат на пат за да го пронајдат својот музички идол.